Познатата тенисерка го покажа трудничкиот стомак и го сруши интернетот – а еве и кој најмногу се радуваше на веста дека е бремена
Видеото на Серена се уште е хит на социјалните мрежи

Серена Вилијамс и откри на својата ќерка дека ќe биде постара сестра и тоа го снимаше во видео со кое ги воодушеви сите.
41 годишната тениска суперѕвезда која откри дека е бремена со своето второ дете на црвениот килим на Мет гала забавата, сега го снимаше моментот кога на својата ќерка Олимпија и ја соопшти убавата вест.
Снимката со наслов Изненадување за Олимпија започнува така што Серена во крупен кадар го покажува тестот за бременост, откривајќи дека е пресреќна, а подоцна ќе и се придружи и сопругот, Алексис Оханијан (40), основачот на социјалната мрежа Снепчет.

Најинтересниот момент беше кога таа и Алексис и соопштија на нивната ќерка дека наскоро ќе стане дада.

Таа беше пресреќна и почна да трча од возбуда, а потоа откако го виде стомакот на својата мајка се „фрли“ во нејзините прегратки.

Дали се сеќаваш кога се молеше да добиеш братче или сестричка? Па, бед кај доктор и излезе дека не станувам подебела, туку носам бебе во мојот стомак, и објасни тенисерката на својата наследничка.


Како изгледаше овој пресладок момент погледнете во продолжение:
Инаку Серена минатата година соопшти дека се повлекува од тенисот за да му се посвети на своето семејство:
Таа тогаш, во својот емотивен есеј го напиша следново:
„Никогаш не ми се допаѓаше зборот пензија. Јас на ова гледам како на транзиција и еволуција. Еволуирам, одам кон други работи кои што ми се поважни“, изјави тогаш големата тениска легенда.

Серена како невеста
Серена и основачот на Снепчет се заколнаа на вечна љубов во 2017 година, на интимна церемонија во Њу Орлеанс.

На нивната венчавка присуствуваше само семејството и најблиските пријатели, вклучувајќи ги и Бијонсе и Ким Кардашијан.

За нејзиното невестинско издание се уште се зборува, но не само за необичниот фустан и накитот вреден 3.5 милиони долари.

Имено, светската легенда тогаш под олтарот наместо во високи потпетици помина со пар рачно направени Најки.

Како Серена изгледаше како невеста, но и на црвениот килим на Мет Гала забавата кога соопшти дека е бремена, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Серена Вилијамс
Фото: Инстаграм/ Серена Вилијамс
Фото: Инстаграм/ Серена Вилијамс
Фото: Инстаграм/ Серена Вилијамс
Фото: Јутјуб
Серена со сопругот на афтер парти по Мет гала забавата
Фото: Инстаграм/ Серена Вилијамс
Фото: Инстаграм/ Серена Вилијамс
Фото: Инстаграм/ Серена Вилијамс