Познатата скопјанка покажа дел од својот дом, па сите ги „шокираше“ со она што го крие во цвеќињата
Еве со кое опасно животно се гали Агнеса
Познатата скопјанка ги шокираше фановите
Познатата скопска инфлуенсерка Агнеса Органџиева ги шокираше своите фанови со снимка од својот дом.
Имено, не е тајна дека Агнеса Органџиева обожава да чува необични домашни миленици па покрај своите кучиња и мачки има и еден кралски питон со кој инфлуенсерката често ги изненадува сите.
Таа потполно се навикна на ова егзотично милениче во нејзиниот дом со кое живее веќе неколку години, па често покажува и како се гали со неа.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Па така во една пригода се снимаше додека змијата се виткаше околу нејзиниот врат, а сега покажа како таа лази по цвеќињата.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Оваа бестрашна дама со ова свое видео ги шокираше своите фанови кои беа изненадени од нејзиниот домашен миленик.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
И додека некои се плашат од бубачки, Агнеса очигледно обожава да се гали со својата змија која што ја храни со специјални стаорци. Змијата се вика Раја и има свој дом, терариум, а Агнеса ја купи затоа што и нејзините ќерки, Тифани и Вивиен, обожаваат рептили.