Познатата скопјанка го покажа своето тело, изгледа бомбастично – еве што им порача на жените
„Не правете идол од друга жена, таа не може да биде пример за вашиот живот...“
Познатата скопска инфлуенсерка, Агнеса Органџиева, често привлекува големо внимание со својот изглед.
На фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи секогаш изгледа тип-топ средена од глава до пети, а откако влезе во теретана и започна со редовни тренинзи изгледа подобро од кога било досега.
Тоа впрочем можевме да го видиме и сега кога објави едно селфи на кое е во сини хеланки и кроп-топ со отвори.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Органџиева со ова свое затегнато издание направи вистинско мало шоу, а сите се согласни дека телото го донела до совршенство.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
И од нејзините останати објави може да се забележи дека оваа русокоса дама и те како води сметка за својот физички изглед, што може да се види и од следното нејзино издание.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Имено, таа неодамна позираше во фармерки и тесна блуска пред огледало, а во фокусот повторно беше нејзиното тело.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Но покрај овие фантастични изданија Агнеса деновиве сподели и еден дел од интервјуто за Гламур магазин од пред неколку месеци со кој ја пренесе пораката што ја има до сите претставнички на понежниот пол што ја следат на интернет.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
„Не правете идол од друга жена, таа не може да биде пример за вашиот живот. Изградете си ја вашата душа самостојно, пробајте сами на себе да бидете стилист. Не завидувајте и не бидете љубоморни и не посакувајте го животот на идолот зошто не знаете каква карма носи истото. Бидете благодарни на се’, ама баш на се’“, вели Агнеса во објавата, па додаде:
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
„Егото тргнете го на страна бидејќи тоа ви е препрека за нешто следно што ве чека“, пишува во пораката што Агнеса ја објави на Инстаграм, а која што е дел од едно нејзино интервју за Гламур магазин.
Целото интервју прочитајте го тука >>