Познатата пејачка скршена од болка, не може да ги сопре солзите по погребот на едно од убиените девојчиња
Анабела Атијас познаваше едно од девојчињата што загинаа во масакрот во Основното училиште „Владислав Рибникар“.
Помалата сестричка на една од настраданите ученички одела во исто одделение со ќерката на познатата пејачка.
Трагедиите што претходната недела се случија во Србија однесоа седумнаесет млади животи, додека ранети се дванаесет лица.
Во текот на викендот многу семејства ги погребаа своите најмили, а меѓу оние што беа блиски со жртвите има и јавни личности.
Една од нив е и пејачката Анабела Атијас која со своите ќерки беше на погребот на едно од седумте девојчиња што беа убиени од 13-годишното момче во нивното основно училиште „Владислав Рибникар“.
Покрај девојчињата во масакрот настрада и едно момче и чуварот на училиштето, а пет деца и учителката беа ранети.
Како што пренесува српскиот Курир, помалата сестра на едно од настраданите девојчиња одело во исто одделение со ќерката на Анабела Атијас. Како што открива таа, тие биле заедно и цел ден го поминале заедно, а пејачката скршена од болка за споменатиот медиум изјави.
„Голема трагедија, претешки денови за сите нас, посебно за семејството“, изјави таа за српскиот „Курир“.
Потсетуваме, 13-годишниот К.К. во средата изврши масакар во Основното училиште „Власислав Рибникар“ во Белград.
Тој во својот напад уби осум ученици, од кои седум девојчиња и едно момче. Покрај овие млади жртви тој свирепо го уби и чуварот на училиштето, Драган Влаховиќ, а рани уште шест ученици, свои врсници, како и својата учителка по историја.
Само два дена по масакрот што го потресе целиот регион, во близина на Белград се случи уште еден крвав пир, кога 21-годишниот Урош Б. уби 8 лица, а рани 14.