Познатата пејачка откри дали е вљубена и каков е односот помеѓу неа и македонската Гранд ѕвезда – и тој не крие што мисли за неа
Пејачката Александра Младеновиќ беше дел од екипата во новата епизода на емисијата „Никогаш не е доцна“.
Убавата пејачка за оваа пригода беше облечена во бело од глава до пети, па многумина помислија дека конечно го пронашла вистинскиот и дека посакува наскоро да ја запроси и однесе кон „лудиот“ камен.
Но пејачката во разговор за Гранд откри дека ситуацијата не е таква како што изгледа, и дека ова нејзино издание нема никаква врска со нејзиниот емотивен статус, туку едноставно сака позитивни и весели бои.
„Се уште се нема појавено ново момче, фокусирана сум сега на работата, а кога ќе се појави, сите ќе дознаат“, изјави таа.
Инаку, македонскиот пејач кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравковски, неодамна призна дека токму Александра е една од оние колешки што би ја издвоил како некоја што му се допаѓа, па водителката ја интересираше дали има нешто помеѓу нив двајцата.
„Се уште не сме се запознале, ќе се случи, има денови. Ќе се запознаеме. Но јас него не го гледам со тие очи. Момчето е симпатично и преубаво пее, но едноставно никогаш не сум го гледала на тој начин“, вели Александра за „Гранд“, а прозборе и што мисли за мајчинството.
„Одвај чекам да бидам мајка, и едноставно кога ќе биде судено тоа и ќе се случи. Обожава деца и сите што се дружат со мене го знаат тоа“, одговори искрено пејачката која се уште го чека вистинскиот.
Инаку Огнен неодамна во истата емисија на прашањето дали има симпатии кон некоја своја колешка од популарното шоу, тој откри дека токму Александра е девојка која што би ја издвоил како таква.
Откри дека токму Александра би ја издвоил од колешките меѓу сите останати „Гранд ѕвезди“ како девојка кон која има симпатии.
Според него таа е убава девојка која многу работи, постојано има настапи и одлични песни, па за неа вели:
„Александра е некако своја, има некоја своја фора и енергија. Многу е искрена и слатка. Своја е, има нешто што другите го немаат, коментираше Огнен тогаш за пејачката со која се уште не се познава лично.
Потсетуваме, сите беа изненадени кога се прошири веста дека Александра Младеновиќ и Исак Шабановиќ се во врска.
Но тоа беше кратка и страсна врска која заврши само по три месеци, а како што медиумите тогаш објавија, причината за нивната разделба наводно било нејзиното поранешно момче.
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ