Реклама
Новости

Познатата пејачка не можеше да ги сокрие солзите, поминаа две тешки години откако ја загуби својата голема љубов

Реклама

На 27 ноември ќе се навршат точно две години откако почина Милутин Мркоњиќ Мрка, српскиот политичар и долгогодишен парнер на позната пејачка Ана Бекута. Неговите пријатели и членови на семејството денеска се собраа да ја одбележат годишнината од неговата смрт.

Неговата партнерка, пејачката Ана Бекута денеска беше на неговиот гроб каде во присуство на неговите најблиски се одржа панихида.

Маркетинг

Фото: Фејсбук

Покрај Ана, двегодишнината од смртта на Мрка, како што јавува српски Блиц, ја одбележаа и Бранко Ружиќ, Влада Заграѓанин и Ивица Дачиќ. Присутните запалија свеќи и на гробот оставија венци со претежно црвени и бели рози.

Маркетинг

Фото: Фејсбук

Популарната фолкерка, која со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм често споделува заеднички фотографии со Милутин и не ја крие тагата која се уште е присутна и по две години, не можеше да ја сокрие болката од загубата на својот покоен партнер.

За потсетување, Мрка, како што пренесуваа српските медиуми, ја заколнал Ана додека бил во болничка постела да продолжи со пеењето и по неговата смрт.

Фото: Фејсбук

„Мрка сите го знаат како голем шегобиец, тој е толку позитивен човек што секаде внесува само радост и насмевки. Дури и додека поминува низ најтешката животна борба, тој е позитивен и се труди да ѝ олесни на Ана. Многумина се заудија кога таа соопшти дека нема да ги откаже настапите, иако Мрка се бори за живот. Всушност, не е фер што ја оговараат Ана, бидејќи тоа беше желба на Мрка, тој знае дека песната и работата ја одржуваат Ана во живот и затоа бараше од неа да му вети дека нема да се одрече од музиката ниту во најтешките моменти“ – своевремено изјави извор близок на пејачката за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button