Познатата пејачка на матурска со девојчето што трпеше врсничко насилство и кое беше бездушно понижувано од сокласниците
Матурантката беше воодушевено што Сека реши да дојде со неа
![](/wp-content/uploads/2023/06/mia-1-780x470.jpg)
Познатата фолк-пејачка Сека Алексиќ ги воодушеви сите со тоа што одлучи да и даде поддршка на едно девојче кое беше жртва на врсничко насилство.
Таа вчера го посети гратчето Врбас, се запозна со семејството на Миа и беше нејзина придружничка на матурската.
Матурантката Миа блескаше во црниот фустан, а кога ја виде Сека веднаш ја гушна и ја бакна пред сите.
![](/wp-content/uploads/2023/06/mia2-1.jpg)
![](/wp-content/uploads/2023/06/mia3-1.jpg)
Пред нејзината куќа беа собрани комшиите кои беа дојдени да ја видат Сека и нивната комшивка која слави матурска.
![](/wp-content/uploads/2023/06/mia14.jpg)
Потсетуваме, пред неколку недели на Твитер, од страна на една корисничка на оваа социјална мрежа, беше споделена приказна за девојче кое било понижувано од своите врсници во едно училиште во Врбас.
![](/wp-content/uploads/2023/06/mia6-1.jpg)
„Врсниците донеле бакарна жица во училиштето за да се исмеваат со девојчето бидејќи е Ромка, алудирајќи на стереотипот дека Ромите собираат бакар. Нејзиниот татко вози камион низ Европа, а мајката има цвеќара. Никој не сака со неа да оди а матура“, пишуваше тогаш н Твитер.
![](/wp-content/uploads/2023/06/mia4-1.jpg)
![](/wp-content/uploads/2023/06/mia5-1.jpg)
По ова се огласи познатата пејачка:
„Јас ќе одам со неа на матурска. Каде е тоа девојче?“ напиша тогаш Сека Алексиќ и го исполни ветувањето.
![](/wp-content/uploads/2023/06/mia27.jpg)
![](/wp-content/uploads/2023/06/mia28.jpg)
Приказната за ова девојче од Врбас погоди многумина, така што и други јавни личности се јавија да и дадат поддршка на девојчето на кое заради ромската националност врсниците во училиштето и „подариле“ парче бакарна жица со зборовите: ‘Твоите секако собираат бакар, па да допринесеме“. Во пресрет на матурската вечер, момчето од нејзиниот клас што требало да и биде партнер, се откажало со неумесна шега дека се плаши дека таа ако по пат видат велосипед, нема да може да не го украде, пренесува „021.рс“.
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ