Познатата пејачка во петтата деценија се породи со ЦАРСКИ РЕЗ – НАСЛЕДНИКОТ ќе добие странско име, а еве и зошто
Хрватската пејачка Маја Шупут се породи на свои 42 години и на свет донесе здраво машко дете.
Како што објавија хрватските медиуми пејачката се породила со царски рез во Загреби и ова и е прво дете.
Маја и нејзиниот избраник Ненад Татаринов се уште не откриле како ќе се вика нивниот наследник.
Пејачката во едно интервју даде интересен одговор на прашањето за бебето, односно за неговото име.
„Сите ме прашувате за името. Запишано е и заклучено во мојот дневник. И нема да ви го кажам“, изјави тогаш таа.
Инаку, Маја неодамна на фановите им покажа како изгледа плакарот полн со играчки во нејзиниот дом.
Пејачката откри дека не сака да средува плакари, но овој пат средувала со најголемо задоволство.
Таа во едно интервју за ИН магазин на Нова ТВ откри и како се чувствува и какво име ќе му даде на наследникот.
Кога дознале дека ќе станат родители, маја и Ненад биле пресреќни, а пејачката откри и дека нејзиниот сопруг заплакал од среќа.
На прашањето за името, таа изјави:
„Ќе има странско име. Тоа дури и не е тајна. Едноставно домашно не ме интересира. Со Шупут не оди ништо, но со Татаринов одговара се’ така што за него ќе избереме некое моќно име. А не кога ќе отидеме некаде и мојот маж онака ќе каже Ненад. Па зошто? Така убав човек со такво име. Сметам дека со името го одбележуваш детството на некој период, тинејџерскиот, школскиот кога врсниците те малтретираат и тоа повеќе не е како порано“.
„Сега децата веќе не се нормални, се тепаат. Замисли на детето да му дадам некое име со кое ќе има проблеми па цел живот да ми зборува: Зарем мораше?“, изјави тогаш во шега една од најпознатите пејачки во Хрватска.
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут