Познатата македонска фолк-пејачка за помалку од 30 секунди заработи илјадници евра – цело богатство за само неколку стихови!
Пари летаат на сите страни, Сања Барби нема да знае како да ги потроши
На интернет се појави видео на кое се гледа како гостите и ставаат пари во рацете на нашата позната пејачка.
Имено, на видеото што кружи на социјалните мрежи еден маж и става евра во рацете на Сања Барби Цинцева, а таа со насмевка на лицето одвај успева да ги задржи сите.
Од толку многу пари што доби, таа дури и се збуни во еден момент, но само се насмеа и продолжи да пее.
Настапот се случува во Швајцарија, каде Сања за помалку од една минути заработи неколку илјади евра.
Таа очигледно не се бунеше заради ваквата постапка на гостите, додека некој од присутните ја снимаше со телефонот.
На социјалните мрежи редовно се појавуваат видеа на кои јасно се гледа како пејачите добиваат бакшиш, но навистина ретко можеме да видиме кога тие буквално се затрупани со пари што одвај можат да ги задржат во рацете. На новото видео со згодната струмичанка, таа за помалку од 15 секунди добива минимум илјада евра, ако не и повеќе.
Сања со ова навистина би можела да го добие епитетот „Македонската кралица на бакшишот“, но ќе мора и да најде начин како да ги собира парите за во иднина да не и паѓаат и да не мора да се грижи за тоа.
Потсетуваме, Сања го доби прекарот Барбика по својот атрактивен изглед и убавата руса коса што ја имаше порано. Таа во последно време е се повеќе барана надвор отколку дома, а најчесто настапува во европските земји (Германија, Австрија, Швајцарија), по клубови и локали каде доаѓаат да се забавуваат иселеници од целиот регион.
Таа пред некое време реши да ја смени бојата на косата, па од русокоса ја бојадиса во розова, а сега е црнка.
Но прекарот и остана, а според многумина таа сега е дури и поатрактивна и важи за една од најубавите пејачки во Македонија.
За неа едно време се шушкаше дека е во врска со бизнисмен од Швајцарија, со кого се запознала на еден свој настап.
Наводно тој бил богат бизнисмен, кој на прв поглед се заљубил во убавата струмичанка, но Сања, која често настапува во Швајцарија, се јави од таму и ги демантираше овие гласини што ги објавија нашите медиуми за неа.
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева