Познатата македонска пејачка стана баба, a изгледа како БАРБИКА СО ТЕЛО И ЛИЦЕ ОД МИЛИОН ДОЛАРИ
И пејачката и нејзината сестра се прекрасни дами
Никој не може да остане имун на нејзиниот шарм
Нашата позната фолк-пејачка Даниела Темелковска ги воодушевува сите со својот младешки изглед.
Темелковска е една од нашите најпопуларни пејачки на народна музика и веќе долги години е присутна на естрадата.
Пејачката на почетокот од оваа година ја доби внуката Јана со што се оствари и во улога на баба, што ја направи посебно горда.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Но таа и денес со својот природен шарм и убавина личи на Барбика, за што сведочат и нејзините фотографии на Инстаграм.
Секогаш насмеана и позитивно расположена, таа изгледа како да имам минимум дваесет години помладо, а вистинска русокоса убавица е и нејзината сестра Емилија, која се грижи за нејзиниот стил.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Пејачката пред неколку години ги изненади сите кога на Фолк-фест Валандово настапи во дует со својот син Даниел Блажевски.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Даниела минатата година го ожени својот син кога направи веселба за паметење, а оние што беа на свадбата велат дека свекрвата беше највесела и дека цела вечер блескаше со својата убавина.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
По само неколку месеци таа ја доби и внуката Јана, така што сега важи и за најзгодната баба на домашната јавна сцена.
Фото: Принтскрин
Што и да облече изгледа убаво, а доказ за тоа се и нејзините фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Некои од нив погледнете во продолжение…