Познатата македонска пејачка се појави „полугола“ и ги воодушеви сите – погледнете колку ја сакаат
Не стивнуваат реакциите по нејзиниот брутален настап
Пејачката Антониа Гиговска имаше феноменален настап овој викенд во Штип, а за нејзиното издание се уште се зборува
Концертот беше во рамките на манифестацијата „Пастрмајлијада“ и имаше голем број луѓе, а пејачката направи атмосфера за паметење.
Пејачката пред публиката се појави во поприлично провокативен комбинезон со кој ги „распамети“ своите бројни фанови.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа сега со ова свое издание објави и неколку фотографии на својот профил на Инстаграм, па следуваа голем број коментари дека потсетува на Џенифер Лопез, но и на српската поп-дива Јелена Карлеуша, а многумина беа изненадени и од тоа како изгледа една година по породувањето и колку го донела телото во форма.
Станува збор за сребрен комбинезон кој повеќе открива отколку што сокрива, а во кој Гиговска блескаше од глава до пети.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Повеќе за овој настап на нашата позната пејачка прочитајте тука, а зошто сите зборуваат за неа, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Имено, Гиговска со ова свое издание ги воодушеви фановите, а многу девојки пред и по концертот сакаа да се фотографираат со неа
Пејачката објави дури и една порака од свој фан, а потоа и фотографија на која се гледа како се гушка со неа.
Сето ова кажува многу за тоа колку луѓето ја сакаат Гиговска, впрочем како и фотографијата во продолжение…
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Па, големо БРАВО за оваа наша позната дама, но и за нејзиното смело издание со кое никого не остави рамнодушен.