Познатата македонска пејачка го изгуби сопругот и преку ноќ стана САМОХРАНА МАЈКА: Ќерката секој ден прашува за тато!
Девојчето со чии песни сите пораснавме, денес е зрела жена, која храбро чекори низ сите животни предизвици.
Македонската пејачка Маја Саздановска на музичката сцена е уште од мали нозе.
На само 5-годишна возраст ја снимила првата песна „Глушец ушец“ за детската серија „До ре ми“.
Маја беше и дел од вокалите кои ја изведуваат најпопуларната песна „Во светот на бајките“.
Несомнено важи за еден од најдобрите вокали кај нас. Но таа повеќе од 10 години апстинира од музичката сцена. Соло кариерата ја стави во втор план.
Од 2015 работи во Македонската опера и балет, во дирекцијата на операта, како организатор на оперски прашања. Вели дека е премногу среќна со новото работно место, затоа што работата ѝ е динамична и постојано е во контакт со многу луѓе.
Талентот за музиката сепак го носи во гените.
Пред неколку години пејачката се соочи со голема животна трагедија. Таа го изгуби сопругот Сашо Лилчиќ и остана сама со својата штотуку родена ќерка Срна.
„Понекогаш си помислуваш дека многу работи не можат да ти се случат тебе. Но, не треба да си ги земаме барем деновите здраво за готово, туку треба да го живееме животот со полни гради. Сите ги учиме тие лекции по потешкиот пат. Времето викаат дека лечи сѐ. Не, времето прави само една патека која што треба да се изоди, а лек не постои никаков.
Љубовта со која што е направено тоа дете останува позади нас е она кое што ја дава секојдневната енергија и моќ да се проживеат различни периоди во животот. Јас сум многу благодарна што после ете во цело лошо, тоа добро остана“, изјави пејачката за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
После само 11 месеци од раѓањето на Срна, Маја остана сама со неа. Преку ноќ стана самохрана мајка. Иако Срна не се сеќава на нејзиниот татко, Маја вели дека секојдневно се труди споменот за него никогаш да не згасне.
„Мојот сопруг многу ја сакаше Срна и се трудам тоа да ѝ го раскажам секојдневно, барем да си направи слика што и како би било. Таа е исклучително темпераментно дете, кое па е и доста итро. И знае да ме реши во неколку потега иако и јас се држам многу добро. Не е лесно, предизвике голем. Врмеето ќе си каже зошто и како некои работи се случуваат. Едноставно сме му благодарни на Бога на секој ден подарен и за здравје и за среќата.
„Срна беше многу мала, 11 месеци. На ништо не се сеќава. Таа расте во духот на она што било. Се трудам да и ги раскажам убавите работи.Се трудам да и ги кажам убавите работи. Но, тука се бабите и дедовците кои имаат малку повеќе работа од мене да ѝ ги пренесат сите спомени и да ги раскажат сите моменти кои јас некогаш и не можам. Прашува, што е многу нормално, прашува и разбира. Мене ми е само жал што мораше малку побрзо да порасне. Мора да се носи паралелно со обврските, помагајќи ми и мене ја расте многу побрзо и ја прави да перцепира некои работи за кои јас ѝ велам„мама главата е за мислење“, раскажа пејачката.
Но, и покрај сѐ, таа не се откажува од љубовта и искрено се надева дека некогаш повторно ќе љуби.
„Лечењето на душата е љубовта, пиењето кафе со убаво лице покрај себе е љубов за мене. Јас верувам дека не можеш да сакаш само еднаш, сакаш константно и сакаш различни работи. Периоди во животот кои што те учат и те прават да правиш разлика меѓу она што душата сака и она што разумот вели. Верувам дека во секое лонче има капаче. Да сме живи и здрави. Јас гледам да имам отворен мозок и визија кон иднината која никогаш не знаеме што може да ни донесе. Гледам да не бидам со црни мисли“, кажа таа.
На нејзината енергија, непосредност, професионалост, талент, никој не може да остане рамнодушен, токму затоа нејзината публика се надева дека таа набрзо повторно ќе се врати на сцената со некој нов хит.
„Јас никогаш не сум рекла дека денеска е крајот и дека никогаш нема да се појавам никаде. Тоа константно ме враќа и ме враќа. Веројатно додека ме држи гласот и стасот, не би кажала дека ова е крајот со музиката. Ме запира немањето време. Срна започна да оди во училиште, тие воншколски активности кои што се секојдневие на децата, бараат присуство на еден возрасен. Фокусот ми е во Срна која треба да израсне во возрасна силна и паметна жена“, вели Маја.
Голема љубов и пасија во животот ѝ се шминките. Во слободно време се занимава со разубавување на припаднички на понежниот пол.
„Кога ќе се нафатам на нешто, како шминкањето, јас го доведувам до перфекција. Уште еднаш ќе ти кажам, благодарам на комплиметот дека одлично шминкам, тоа е една голема моја љубов, која од хоби и задоволство премина во професионален израз и опсесија. Многу ликови ми поминале под рацете, многу проекти и тоа е една од работите која ме прават посебно среќна и горда“, вели пејачката.
Нов изглед, нови предизвици
После сѐ таа се одлучи и на драстична промена во изгледот.
Сега откако Срна е малку поголема и мама Маја има малку повеќе време за себе, може да се посвети и на работа на себеси. Пејачката одлучи да ослабе и тоа на здрав начин, а како што може да се забележи одлично ѝ оди.
Таа редовно и вежба и внимава на исхраната. Од исхраната исфрлила многу намирници и повеќе од три години не пробала тесто, тестенини, леб, скроб, шеќери.
Таа за Репортер раскажа дека сега ужива во новата тежина и во удобната облека.
Ако сѐ што имала порано ѝ било претесно, сега ѝ е широко, но тоа воопшто не ѝ пречи.
Мора да се признае дека Маја сега изгледа подобро од било кога. Таа е вистински доказ дека со истрајност, посветеност и упорност може сѐ да се постигне.
Погледнете уште неколку фотографии од Маја…
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска
Фото: Инстаграм/ Маја Саздановска