Реклама
Наши ѕвезди

Познатата Македонка ја соблече венчаницата, изгледа преполовено – сега има само 52 килограми?!

Еве како ја донесе својата линија до перфекција

Реклама

Пејачката во потполно опуштено издание

Познатата македонска пејачка Антониа Гиговска имаше спектакуларен настап во Охрид каде направи одлична забава.

Таа за оваа пригода избра тесен фустан во кој изгледаше како светските ѕвезди, а потоа на социјалните мрежи реши да покаже и како изгледа во едно потполно природно издание, без грам шминка на лицето.

Маркетинг

Имено, Гиговска по успешниот настап објави неколку снимки од кои можевме да видиме дека пејачката е полна со впечатоци и позитивна енергија, но и подготвена за комуникација со фановите.

Маркетинг
Инстаграм/ Антониа Гиговска

Таа без грам шминка на лицето и со пуштена коса одговараше на поставените прашања, и тоа облечена во пижами.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Многумина забележаа дека пејачката изгледа подобро од кога било досега, па ја прашаа и како се решила од вишокот килограми по бременоста. Како што самата откри, таа сега има 52 килограми и тоа најмногу благодарение на тоа што избегнува да јаде глупости, како што самата напиша на Инстаграм, и здраво се храни.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

И како што напиша таа во својот одговор, оди на три-четири тренинзи во текот на неделата, па сега може да си дозволи и да касне нешто што сака, нешто калорично, и не е стрвна како порано.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

„Гледам да се држам до онаа килажа во која се чувствувам своја. Некој ќе каже дека сум преслаба и дека не ми стои, некој ќе каже дека сум фит и изгледам баш како што треба да изгледа една млада девојка, се храни здраво и вежба… Не можеме да им се допаѓаме на сите, важно е како вие самите се чувствувате“, напиша Гиговска во своето обраќање на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

„И нека не ве лаже никој, и те како можете да си го вратите телото по породување и да бидете нај*екси на свет, но само ако имате желба“.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

„И нормално без правилна исхрана и тренинг ништо од тоа“, заклучи пејачката на крајот од своето обраќање.

А како таа изгледа сега, но и во преубавата венчаница во која блескаше пред дамо една недела, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button