Реклама
Наши ѕвезди

Познатата Македонка повторно направи „скандал“ на социјалните мрежи – тетките во шок (фото)

Марија во уште едно „скандалозно“ издание

Реклама

Популарната пејачка не ја крие својата дива страна

Познатата македонска пејачка Марија Тодоровска, попозната како Марија Луиса, за еден од своите последни настапи избра комбинација со која предизвика коментари на социјалните мрежи.

Имено, шармантната битолчанка овој пат избра тесна креација во црвена боја со длабоко деколте украсено со врвки, а целото издание го заокружи со црвен кармин и црни високи чизмички.

Маркетинг

Но покрај длабокото деколте во фокусот беше и страничниот дел од фустанот кој исто така беше зачинет со црвени врвки, така што оставаше впечаток како пејачката да не носи ништо под креацијата.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Шок за тетките

Ова секако дека не е прв пат Марија со своето провокативно издание да привлече внимание и да ги изненади сите, но овој пат реши и да се пошегува на сметка на оние што најчесто ја критикуваат.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

„Пак оваа Луиса гола и без гаќи. Има ли родители, ајде тетки“, се пошегува пејачката на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Потсетуваме, Марија често знае да привлече внимание со креации во кои изгледа како да „заборавила“ да облече долна облека.

Впрочем вакви комбинации носат и многу светски познати дами, кои исто така на овој начин на многумина им ја заскокоткуваат фантазијата, оставајќи ги во недоумица дали носат нешто или не под своите фустани. Но сексапилната битолчанка во една пригода откри дека станува збор за едноставен моден трик, благодарение на кој долната облека не се познава кога жените носат вакви ризични комбинации, а за што поточно станува збор, погледнете тука.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button