Познатата Македонка ослабна и сега си блеска и грми на социјалните мрежи во своите прекрасни фустани!
Нејзините фустани се сон на секоја жена
Познатата дизајнерка Ивана Кнез позираше покрај базен заради потребите на снимање на моден едиторијал за нејзината последна колекција, па дел од атмосферата сподели на социјалните мрежи и никого не остави рамнодушен со своите преубави фотографии.
Имено, сопственичката на брендот „Драма“ позираше во преубав фустан со долги ракави и во впечатлива бургунди нијанса, а целото издание го зачини со преубава шминка и фризура.
На една од фотографиите Ивана седи покрај базенот, свртена со грбот на кој можат да се видат нејзините бројни тетоважи.
Многу нејзини фанови воодушевени почнаа да коментираат под нејзините фотографии и сите се согласни дека блеска и дека никогаш не изгледала попровокативно, пожешко и поубаво.
Ивана потоа објави уште неколку фотографии за кои исто така се зборува, а на кои изгледа како светските топ модели.
Како Ивана изгледаше и во ова свое издание, но и уште неколку други нејзини креации, погледнете во продолжение:
Инаку, Ивана сега е како вистинска мачка, симболот на нејзините модни додатоци, а и нејзините фустани се „драма“, како што се вика нејзиниот бренд. Таа пред неколку години ослабна 25 килограми и денес изгледа подобро од кога било досега, а како што самата изјави во една пригода, не само што успеала да се реши од вишокот килограми, туку е и во беспрекорна состојба, без суплементи го отстрани целулитот, а и нејзината кожа сега блеска.
Како таа изгледа во своите најнови изданија, погледнете во продолжение:
Фото: Фејсбук/ Ивана Кнез
Фото: Фејсбук/ Ивана Кнез
Фото: Фејсбук/ Ивана Кнез
Фото: Фејсбук/ Ивана Кнез
Фото: Фејсбук/ Ивана Кнез
Фото: Фејсбук/ Ивана Кнез
Фото: Фејсбук/ Ивана Кнез
Фото: Фејсбук/ Ивана Кнез
Фото: Фејсбук/ Ивана Кнез
Фото: Фејсбук/ Ивана Кнез