Познатата Македонка објави тажна вест на Инстаграм – ГОЛЕМА ТАГА во домот, почина нејзиниот татко
„Татичко мој, почивај во мир!“
Маја се збогуваше од својот татко со емотивни зборови
Поранешната македонска водителка Маја Поцевска на Инстаграм сподели тажна вест дека починал нејзиниот татко.
Маја на споменатата социјална мрежа сподели колаж од неколку фотографии од кои неколку се од нејзиното детство на кои се гледа како ужива во прегратките на нејзиниот татко, а големата болка ја преточи во емотивна порака со која што се збогуваше од него.
„Татичко мој, почивај во мир иако не сум свесна дека си замина. Верувам дека ќе одиш на некое поубаво место, но во моето срце засекогаш ќе останеш и ќе ми недостасуваш бескрајно зошто нема зборови со кои ќе го објаснам твоето значење во мојот живот“, напиша Маја на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Маја Поцевска
Инаку, Мака својата кариера како водителка ја започна многу млада, во МТВ, а веќе подолго време работи во Државна лотарија.
Фото: Инстаграм/ Маја Поцевска
Таа долго време важеше за една од најпознатите водителки, а минатата година ја доби внукичката Мина од нејзината ќерка Јана.
Фото: Инстаграм/ Маја Поцевска
Маја пред неколку месеци објави фотографија од својата мајка која, како што самата откри во една пригода, ја родила на 18 години.