Познатата Македонка не престанува да не воодушевува и инспирира – ова е најгламурозното издание во кое што сме ја виделе досега
Нашата позната водителка му приреди незаборавна роденденска забава на својот сакан сопруг, Бојан Најдоски.
И додека гостите ги забавуваше пејачот Иван Јованов, а Бојан уживаше во прославата, Елена блескаше во сиот свој сјај,
Имено, познатата водителка за овој посебен настан избра раскошна црна тоалета со длабок шлиц и деколте во „В“ израз со кој ја истакна својата беспрекорна линија и акцентот го стави на своите убави нозе.
Длабокиот отвор на деколтето допринесе Елена да изгледа занесно и привлечно, а косата во нежни бранови и паѓаше преку рамениците.
Таа целото издание го зачини со големи, преубави обетки и сандали со високи потпетици со кои постигна ефект каков што сакаше.
Имено, таа изгледаше гламурозно и провокативно во исто време, но воопшто не и вулгарно и претерано.
Што се однесува до самата креација што ја носеше, посебно внимание привлече детаљот со големата панделка на нејзината половина.
Инаку, Елена често изгледа холивудски во своите изданија, а нејзината руса коса и харизма и се заштитен знак.
Таа и овој пат покажа дека црното е вистински избор, а уште неколку нејзини шик изданија погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска