Познатата Македонка направи хаос на интернетот – МНОГУМИНА ВО „ШОК“ кога ја видеа во ова издание
Позираше во бикини, па ги запали социјалните мрежи
Никогаш не изгледала „пожешко“…
Познатата македонска инфлуенсрка Агнеса Органџиева ги воодушеви своите бројни фанови на социјалните мрежи.
Таа позираше во костим за капење во розова боја и покажа како изгледа нејзиното тело додека ужива на убавото време.
Органџиева реши да се одмори од бројните обврски, па ги спакува куферите и отпатува на одмор кај нашиот јужен сосед.
Таа објави неколку фотографии и сториња на својот профил, а во центарот на вниманието беше нејзиното беспрекорно тело.
Инфлуенсерката најпрво ги запали мрежите со снимка на која се гледа како се опушта на лежалката во костимот за капење, а заради нејзиното згодно тело многумина стана без здив.
„Преубава“, „Браво, секоја чест за упорноста, резултатите се и повеќе од очигледни“, „Како сина лагуна си, риба и пол, накај две“, беа само некои од коментарите што Органџиева ги доби на сметка на својот изглед.
Таа не криеше колку и годи одморот, па објави уште неколку снимки како ужива на плажата со кои предизвика лавина од реакции.
Инаку, Агнеса е мајка на две ќерки, а интересот на јавноста за неа брзо порасна по нејзиниот бурен развод.
Но таа популарноста ја искористи на најдобар можен начин така што денес речиси нема бренд што не сака да соработува со неа.
Инфлуенсерката во последно време сериозно работи и на својата форма, речиси секојдневно вежбајќи во теретана.
Резултатот од вежбањето е и повеќе од очигледен, така што овие нејзини фотки се одличен доказ дека упорноста секогаш се исплати.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева