Познатата Македонка во костим за капење ја сподели НАЈУБАВАТА ВЕСТ – и пристигнаа 1000 честитки
Ова беше нејзин ден
Ноне Неделковска важеше за една од омилените пејачки, а и денес има голем број фанови што ја обожаваат.
Но Ноне веќе одамна наместо од сцената заработува на брод, а на својот Инстаграм често споделува моменти од нејзините патувања низ светот. И велешанката тоа го прави веќе со години, а сега сподели неколку свои „роденденски“ фотографии и сите ги изненади.
Имено Ноне деновиве на волшебен начин го прослави својот 38-ми роденден и тоа на едно од најубавите места во Турција.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Велешанката најпрво позираше на плажа и покажа како ужива во убавото време, а уживаа и нејзините бројни фанови.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Таа сподели и неколку фотографии на кои во фокусот е нејзиното тело, а потоа позираше и воеден преубав црвен фустан.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Ноне овој пат позираше на зајдисонце, на бродската палуба, па покрај честитките доби и бројни комплименти за својот изглед.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Таа потоа им се заблагодари на сите за преубавите честитки, а како изгледаше во овие свои беспрекорни изданија, погледнете од фотографиите во продолжение…