Реклама
Стил

Познатата Македонка во костим за капење во кој секоја жена би се чувствувала пријатно

Моден класик што е во тренд и ова лето

Реклама

Нашата позната водителка и една од омилените дами на Инстаграм кога е модата во прашање ужива на грчкото приморје.

Водителката Елена Стефановска реши да ги спакува куферите и замина за Грција да си ги наполни батериите.

Таа веднаш покажа како ужива во убавото време, а нејзините фанови пак уживаа во нејзините преубави фотографии.

Маркетинг

Имено, Елена на својот профил на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои позираше на една позната плажа.

Маркетинг

Водителката за оваа пригода избра едноделен костим за капење со животински дезен со кој го истакна своето атрактивно тело.

Во прашање е дезен со кој не можете да поминете незабележани и кој веќе со години е ИН и еден од водечките трендови на плажите.

Водителката го носеше со долга бела наметка, голема црна чанта и сламен шешир, а како изгледаше, погледнете во продолжение:

Инаку, интересно за ваквите дезени е и тоа што можат да се комбинираат на повеќе начини, во склад со сопствениот стил, а тоа секако дека се однесува и на костимите за капење.

Шарата може да биде само дел од дезенот или пак, може да ја комбинирате со еднобојна основа, доколку изберете дводелен модел на костим за капење. Па така ако ви се допаѓаат комбинациите со различен горен и долен дел, изберете долен дел во кафеава или црна нијанса, кој совршено ќе се вклопи со горен дел во леопард дезен.

Сепак, не заборавајте дека оваа летна сезона едноделните модели на костими за капење повторно ќе бидат во мода. Во продавниците може да најдете најразлични модели кои ќе ви овозможат да го прилагодите вашиот изглед на многу начини, а покрај оние со животински дезени, во мода се и моделите во силни бои, како и оние со неочекувани отвори и прорези на најразлични места.

Исто така оваа летна сезона на голема врата се враќаат и цветните дезени, а во мода се и моделите во металик нијанси.

Во продолжение запливајте во нашата листа на костими за капење од колекциите на познатите „хај-стрит“ брендови, кои со посебно внимание ги издвоивме специјално за вас.

И секако во коментарите на социјалните мрежи не заборавајте да ни откриете кои се вашите омилени модели.

Бершка

Бершка

Бершка

Бершка

Бершка

Бершка

Зара

Зара

Зара

Зара

Зара

Зара

Пул & Беар

Пул & Беар

Х&М

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button