Познатата Македонка во издание на кое и Ким Кардашијан може да и ЗАВИДУВА! Црни латекс хеланки и нозе од милион долари!
Марјана Станојковска со своите смели модни комбинации често го привлекува вниманието на медиумите, но и на инфлуенсерките.
Од фотографите што Марјана речиси секојдневно ги објавува на своите профили на социјалните мрежи можеме да видиме дека оваа шармантната русокоса скопјанка е дама која ги следи трендовите и која има моден стил на кој можат да и завидуваат и светски познатите ѕвезди.
На фотографиите што македонската лото девојка неодамна ги сподели на социјалните мрежи пред своите бројни обожаватели Марјана можевме да ја видиме во едно поприлично смело и по малку необично издание.
Имено, Марјана овој пат избра потполно црно издание, но со еден детаљ што не може да го носи секој.
Таа позираше во елегантна црна ролка со која ги освои сите љубителки на добриот изглед, додека во долниот дел носеше латекс хеланки со кои потсетуваше на футуристичките стајлнзи од култниот филм „Матрикс“.
Марјана во ова „all-black“ издание изгледаше фатално, а тесните хеланки во преден план ги истакнаа нејзините долги нозе.
Водителката целото издание го зачини со елегантни сандали со тенки високи потпетици со кои дополнително ги издолжи нејзините нозе, додека со софистицираната црна ролка и преубава руса коса едноставно блескаше така што и овој пат без проблем ги освои симпатиите на сите.
Како таа изгледаше во ова свое издание, но и неколку други во кои ја видовме во последно време погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Марјана Станојковска