Познатата Македонка во едно од најубавите изданија – елеганција и сексапил какви ретко гледаме
Познатата водителка на одморот носи летен фустан во кој изгледа како милион долари
Фустан што секоја жена мора да го има во плакарите
Фустаните во весели, пролетни бои се „маст-хев“ за секоја дама кога е топлиот летен период во прашање.
А зошто е тоа така многу убаво ни покажа деновиве нашата позната водителка Ведрана Ѓорѓевиќ која заблеска во едно вакво издание.
Имено, една од нашите најубави жени од малите екрани на Инстаграм објави фотографија на која носи преубав летен фустан.
Фото: Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Во прашање е долг фустан, со отворен грб и голи раменици, кој е со идеален крој за секоја жена, па нема да згршите ако го спакувате во куферите и го носите со вас на вашиот годишен одмор.
Фустанот се врзува околу вратот, истакнувајќи го во фокусот голиот грб, така што секоја дама во него се чувствува како кралица.
Фото: Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Ведрана од него успеа да го извлече она најдоброто, па буквално блескаше и ги воодушеви своите бројни фанови.
Фото: Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Впрочем така беше и само еден ден претходно, кога објави неколку фотографии со кои предизвика бура од реакции.
Фото: Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Таа најпрво објави фотографија на која носи костим за капење во портокалова боја, а потоа и едно шик летно издание во слична нијанса.
Фото: Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Посебно внимание привлече со фотографиите на кои покажа како ужива на плажа, а дури и бојата на книгата се вклопи во пејзажот.
Како Ведрана изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение: