Реклама
Холивуд

Познатата актерка (42) се пофали со стомачните мускули 4 месеци по породувањето

Реклама

Женското тело е неверојатно!

Дајан Кругер неодамна го покажа своето тело само неколку месеци откако се породи. Таа објави фотографија од теретана на Инстаграм, а пот неа напиша:

Маркетинг

„Дали се фалам, Па најверојатно да – затоа што беше тешка работа да ги вратам своите стомачни мускули. Мислев дека тоа не е возможно откако го родив детето. Посебно не во мои години. Немам тренер, но затоа сум подготвена да се вратам во форма. Најпрво заради себе.. но и заради мојот партнер. Женското тело е НЕВЕРОЈАТНО“.

https://www.instagram.com/p/BvFR_X0BHji/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

 

Познатата актерка со германски корени се породи во ноември минатата година, а својата бременост ја криеше до последниот месец. Потоа објави дека добила ќерка и го откри нејзиното име, а првата фотографија со детето ја објави за Бадник кога можевме да го видиме само неговото раче, додека гордиот татко, Норман Ридус, сподели фотографија од малите стапала на ќерката.

https://www.instagram.com/p/BrygVbLnlV0/?utm_source=ig_embed

 

Првата фотографија од бебето беше објавена во јануари. Фотографијата беше направена од папараци, а на тоа Кругер коментираше на социјалните мрежи:

„Драги фанови и оние што не сте, драги папараци и сите со барем малку совест. Само што ни стигнаа папарацо фотографиите од мене и нашата ќерка. Фотографиите се направени без напа согласност и на тој начин невиното бебе беше изложено. Разбираме дека некои луѓе сакаат да видат како изгледа нашата ќерка, но ние како родители сакаме нашето дете да расте во приватно и безбедно опкружување.“

Поврзано

Back to top button