Американската актерка Ен Хатавеј во тек на кариерата често ги менуваше фризурите, но секогаш и остануваше верна на темно кафеавата нијанса.
Всушност, се сеќаваме на неа и како Бела кралица од „Алиса во земјата на чудата“ со онаа бисерна коса, но никогаш досега ја немаме видено како русокоса во вистинскиот свет. Сепак, таа сега одлучи да направи промена и новата фризура ја промовираше на Филмскиот фестивал во Венеција.
Ен избра бакарна нијанса на руса коса која совршено стои на нејзиниот блед тен и изгледа потполно природно, а посветлата коса го освежи нејзиниот изглед и ја подмлади. Инаку, токму ваквата бакарна нијанса во моментов важи за вистински есенски хит на Инстаграм, а Ен очигледно реши со новите улоги да им се врати и на трендовите.
The always chic #AnneHathaway spotted with husband #AdamShulman out and about in Venice wearing transparent #ValentinoEyewear cat-eye sunglasses with dark blue lenses. #VeniceFilmFestival#Venezia75 pic.twitter.com/Lc9zWKUdzp
— Valentino (@MaisonValentino) September 3, 2018