Тоа можеме да го видиме и од нејзиниот Инстаграм
Познатата 44-годишна актерка, режисерка и продуцентка Ева Лонгорија Бастон е многу зафатена мајка, што очигледно не претставува голем проблем за неа бидејќи нејзиниот десетмесечен син, Сантијаго, секогаш е со неа.
„Тој беше со мене цело време. Ако ме следите на Инстаграм, ќе видите дека тој патува со мене, дека оди на состаноци со мене – тој секогаш е со мене”, изјави Лонгорија, која неодамна се врати од Островот Сент. Бартс на Карибите каде уживаше со сопругот Хосе и малиот Сантијаго.

„Не сум ништо посебна или поинаква. Жените постојано балансираат меѓу работата и семејството, а јас сум само еден од нив”, додаде Ева, која за време на одморот го покажа своето совршено тело во костим за капење, докажувајќи дека сите вишок килограми по породувањето исчезнале.

Инаку Ева синот Сантијаго го доби со Хозе Пепе Бастон, со кого се запозна во 2013 година преку заеднички пријател, а на 21 мај ќе прослават три години од нивниот брак.
