Реклама
Холивуд

Познатата актерка го носи својот син на училиште во фустанчиња – сокласниците му се смеат, но за неа тоа е нормално!

Реклама

Познатата актерка Меган Фокс во емисијата „The talk“ зборуваше за својот приватен живот.

Таа меѓу другото зборуваше и за својот син кој се вљубил во модата. Кога оди на училиште носи што и да посака, а многу често тоа се фустани, вели таа во емисијата. Момчето не се откажува од љубовта што ја има кон модата и покај негативните реакции на неговите врсници.

Маркетинг

„Често се облекува сам, сака фустани. Оди во едно многу либерално училиште, но дури и тука има прилика да ги слушне оние што го осудуваат. Другите момчиња го напаѓаат и му зборуваат дека момчињата не треба да носат фустани и розова боја. Сепак, се обидуваме да добие самодоверба и го охрабруваме дека може да носи што и да посака, без разлика на реакциите од околината“, изјави актерката.

Маркетинг

Таа опиша како еднаш се вратил дома откако целито ден го поминал во фустан во училиште и кога го прашала како си поминал, тој и одговорил дека сите момчиња му се смееле, но дека тоа не го интересира, бидејќи се чувствува убаво во таа облека.

„Тој дизајнира и црта модни комбинации, и многу е талентиран. Но сепак, се уште има само шест години, така да неговите идеи се поприлично детски. Многу луѓе коментираа тоа што носи фустани. Им кажав дека не ме интересира нивното мислење и дека мојот син ќе носи што и да посака“, одлучно изјави Фокс додавајќи дека малиот Ноа на никого не му причинува штета со тоа што носи фустани и затоа може да ги носи колку сака.

Призна дека сака и жени

Инаку, познатата американска актерка се уште важи за една од најатрактивните холивудски дами, иако во последно време навистина ретко ја гледаме во медиумите.

Кога беше на самиот врв од кариерата заработуваше милионски суми и беше една од омилените познати дами на црвениот килим на бројни гламурозни настани, но сега живее далеку помирен живот. Покрај успехот што го постигна со филмот „Transformers”, шармантната актерка можевме да ја гледаме и во бројни телевизиски емисии и серии.

Медиумите пишуваа за нејзиниот љубовен живот, а на почетокот од кариерата изјави дека имала само две момчиња во животот. Сепак, нејзиното срце го освои актерот Брајан Остин Грин со кого почна да се забавува во 2004 година. Тие се запознале кога Меган имаше само 18 години, додека актерот имаше 30. Во брак се веќе девет години и имаат три деца.

Откако призна дека е склона кон двата пола Меган се повлече од медиумите и му се посвети на семејниот живот.

Но таа и денес изгледа брутално и со право на носи титулата за една од најатрактивните жени на планетава

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button