Познатата актерка во фустан од Армани и значително ослабена ги загрижи обожавателите
Што и се случува на Наоми?!

Австралиската актерка Наоми Вотс на црвениот килим на Филмскиот фестивал во Венеција заедно со колешките Лоти Мос и Клер Фој ја демонстрираше розовата нијанса како доминантна во светот на високата мода. Долгиот фустан што го носеше е сочинет од необично стилизирани карнери кои создаваат интересен впечаток на скулптура, додека кројот ја следи линијата на телото.
Целото издание Наоми го заокружи со плико чанта во боја на вино како и децентен накит – огрлици и прстени. Креацијата е со потписот на магот на високата мода Армани, а што се донесува до бјути сферата, актерката „фураше“ боб фризура и нежна шминка во светли розови нијанси.

Но и покрај тоа што нејзината комбинација беше чиста десетка, на социјалните мрежи можеа да се прочитаат и критики од обожавателите за нејзиниот изглед, односно затоа што изгледа значително ослабено.



