Реклама
Вирално

Познавате ли некој што одбива да носи маска и покрај опасноста од коронавирусот? Еве што велат за нив психолозите

Реклама

Еве што велат експертите за овој феномен но и во кои случаи е дозволено да не носите маска во Македонија

И покрај опасноста од зараза, речиси сите знаеме барем едно лице кое не можеме да го натераме да носиме заштитна опрема за време на пандемии, а експертите сметаат дека има најмалку пет објаснувања за овој необичен феномен кој стана мошне интересен во последно време.

Маркетинг

Имено, носењето заштитна маска на почетокот од пандемијата на вирусот корона беше незадолжително, па потоа задолжително во затворен простор, но и покрај тоа има луѓе што одбиваат да носат маски.

Од 01. мај 2020, ваквото однесување во Македонија резултираше со казна. Но, прашањето е зошто луѓето не ставаат маска што ја намалува можноста од инфекција?

Маркетинг

Причините се навистина многубројни, па дури одат и до точка на апсурд – американскиот претседател Доналд Трамп не носи маска затоа што така изгледа слаб, пишува Мондо. А маска не носи ни Ангела Меркел, но само пред камерите, како што вели самата таа, додека во продавница секако дека носи. Но дали политичарите кои избегнуваат да носат маски со тоа покажуваат дека повеќе се загрижени за своето здравје, а не фокусирани на закрепнувањето на земјата?

„Човечките суштества, како и другите примати и цицачи, имаат силен вроден инстинкт за преживување, кој се хиперстимулира кога човекот чувствува ненадејна закана од непознат непријател. Тоа кај нас буди силен и моќен сет емоции што може целосно да го „прегази“ инаку рационалното размислување“ – вели Дејвид Б. Абрамс од универзитетот Њујорк.

„Инстинктот „борби се или бегај“ се рефлектира и на телото, а ние стануваме почувствителни и подготвени да реагираме на заканата. Инстинктот за борба понекогаш ќе биде погрешно насочен, а нашата позиција ќе биде поблизу до подготвеноста за конфликт“ – објасни тој. Но експертите предупредуваат дека треба да се разликува кои се вистинските психолошки причини, а што се однесувањата и рационализациите што ги користат луѓето за да објаснат зошто не стават маска.

Ова се петте најчести причини, според психолозите.

Контрола

„Постојат толку многу неизвесности сега, што се чувствувам како да имам контрола доколку изберам да не носам маска.“

Во моменти на неизвесност, секој привид на „контрола“ врз ситуацијата е нешто за што луѓето ќе се „фатат“.

Не им верувам

„Носете маска, не носете маска, повеќе ни самиот не знам во што да верувам.“

Вирусот Корона донесе неизвесност во целиот свет, а честопати луѓето кои постојано добиваат „мешани“ пораки и препораки едноставно реагираат со тоа што ќе се спротивстават.

Млад сум

„Немам доволно години за да добијам корона.“

Како што знаеме, не постои старосна граница за инфекција. Ова едноставно е ризично однесување.

Не сакам

„Не сакам да го ставам тоа затоа што не сакам некој да ми каже што да правам.“

Маската не е наредба туку начин да се заштитите себе си и вашите најблиски.

Изгледам смешно со маска

Ова е неверојатно честа причина, која ја спомена и Трамп.

Психолозите велат дека на овој начин мажите се „извлекуваат“ многу почесто од жените. И тоа истите оние мажи кај кои новиот вирус корона, низ целата наша планета, влијае многу почесто и многу посериозно.

Еве во кои случаи не се казнува неносењето маски во Македонија

Од 1 мај во Македонија важи законот за задолжително носење маски и се казнува секој граѓанин кој нема да носи заштитна опрема за спречување на ширењето на корона вирусот. Откако беше донесена оваа мерка, министерот Филипче се огласи на Фејсбук и меѓу другото истакна и во кои случаи заштитната опрема нема да биде задолжителна.

Имено, заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание).

Задолжително е и ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри.

Еве во кои случаи е задолжително:

Задолжителното е носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може дасе одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button