Пејачката Наташа Беквалац вежба секојдневно и барем еднаш во неделата тренира бокс

Русокосата пејачка Наташа Беквалац изгледа подобро од кога било досега, а за нејзината совршена линија виновни се новите тренинзи што ги прави.
Како што пренесува извор за ТВ Магазин, таа нашла нов тренер со кој работи на кондиција и сила и е презадоволна од резултатите.
Инаку, Ната во минатото не е позната како некој што редовно оди во теретана, но со годините ги променила навиките. Минатата година започна да трча во природа и за брзо време се вљуби во трчањето.

И како што вели изворот, за кратко време откако започнала со трчањето решила да почне и со тренинзи во теретана и таму го запознала тренерот кој и покажал како се боксира, па сега постојано вежба и бокс.
Наташа во септември минатата година и самата отворено зборуваше дека сака да сврти нова страница во животот.

Таа тогаш порача дека ќе се обиде да биде најдобрата верзија од она што е и од она што сака да стане во иднина, а очигледно тоа во последно време и го прави.
И покрај многубројните обврски поради настапите и учеството во Пинк ѕвездички, како и во одгледувањето на двете ќерки Хана и Катја, таа сепак успева да најде време и за тренинзи, и токму благодарение на нив, таа и доби дополнителна енергија што и помага да го постигне сето тоа.

Па, бидејќи летото ни е пред носот, искрено се надеваме дека нејзината позитивна промена ќе фати и некој од нас.