По зимскиот период во кој преовладуваа карираните дезени, време е да се закитиме со драгите точкички кои можеме да ги носиме во апсолутно сите комбинации и да преминеме во новата сезона во најдобро издание.
Ако досега овој тренд беше популарен меѓу повозрасните дами, во следните неколку месеци сигурни сме дека ќе го гледаме се почесто и на нашите улици, и тоа како еден од клучните пролетни трендови за 2019.
https://www.instagram.com/p/BX52fC7HsxT/?utm_source=ig_embed
Овој тренд се појави во триесеттите години на минатиот век кога ваквите фустани беа наменети за девојките со авантуристички и отворен дух, желни за танцување, забава и едноставно добро расположение и енергија. Како минуваа годините, така и точките почнаа да се појавуваат во музичките спотови и филмови, а Мерилин Монро ги „фураше“ во филмот „The Seven Year Itch“, принцезата Дајана блескаше со култниот фустан со точки со потписот на Виктор Еделштајн, а овој дезен беше инспирација и за легендарната песна „Itsy Bitsy Teenie Weenie Yellow Polka Dot Bikini“.
Беше присутен и во поп-арт културата, а врвот на елеганцијата го достигна во деведесеттите години од минатиот век.
https://www.instagram.com/p/BDjI2MsotwD/?utm_source=ig_embed
Претходната сезона повторно почна да се враќа во мода, а оваа пролет очигледно ќе биде еден од водечките трендови, па доколку ви е потребна инспирација како да го носите, еве неколку навистина интересни примери.
https://www.instagram.com/p/Bt33QN0jaEN/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BurPnpfgD5h/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Buo256pAoA8/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BuwRWdbhtYQ/
https://www.instagram.com/p/BuwD_O0BeIy/
https://www.instagram.com/p/Bux9OhsAsVA/
https://www.instagram.com/p/Bux865hndNr/