Реклама
Холивуд

Позадината на Серена Вилијамс блесна на насловна: фотографиите се необработени, и да, погодувате – има што да се види!

Реклама

Неретушираните фотографии на Серена Вилијамс во фустанот во металик златна нијанса се најмоќното нешто што ќе го видите денес.

Фото: Инстаграм/ harpersbazaarus

Познатата тенисерка Серена Вилијамс се фотографираше за насловната на „Harper’s Bazar“ и покажа дека и надвор од терените изгледа неверојатно.

Тенисерката за новиот број на американското издание на познатиот магазин позираше во потполно неочекувана комбинација со која ги воодушеви сите.

Маркетинг

Во гламурозен фустан во металик златна нијанса покажа малку повеќе кожа а со потполно необработените фотографии покажа дека има самодоверба и дека е презадоволна од својот изглед со што им даде одличен пример на другите.

Фото: Инстаграм/ harpersbazaarus

„Златната божица“ како што ја нарекуваат американските медиуми, заблеска во неколку златни изданија на страниците, а големо внимание привлече и со необичните обетки. Во прашање е моден додаток од „Гучи“ кој го покрива целото уво и изгледа моќно и мошне впечатливо.

Маркетинг

Најпознатата тенисерка на светот во нејзиното интервју ја отвори душата, а зборуваше и за големиот скандал што се случи во финалето на „US Open“ кога Серена изгуби од Наоми Осака и направи хаос на теренот.

Фото: Инстаграм/ harpersbazaarus

„Тој дебакл уништи нешто што требаше да биде феноменално и историски. Не само што мене ми е одземена шансата да играм, туку и на мојата противничка и беше одземена шансата да го прослави својот триумф. Нешто што би требало да се памти како најнесреќниот момент од својата кариера“, изјави Серена и додаде дека и било многу жал што некои медиуми се обиделе да направат раздор меѓу нив двете.

Фото: Инстаграм/ harpersbazaarus

На самиот крај Серена додаде и дека нејзиниот инцидент е одличен пример за тоа како илјадници жени од секоја сфера минуваат на работа секој ден. „Накратко, никогаш не ни било лесно. Но мислам дека следната девојка што ќе се најде во моја ситуација, и која изгледа како јас, ќе има некоја корист од тоа што одлучив да не премолчам“, заклучи Серена.

Извор: Blic.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button