Пожарникарот од Македонија го зaпaли студиото во „Гранд“ – Драгана Мирковиќ и Жељко Самарџиќ во транс од неговиот настап
Пензионираниот пожарникар од Македонија, Миле Андрески, повторно ги изненади сите во студиото на Гранд
Неговата животна приказна ја воодушеви и Драгана Мирковиќ која му рече дека и порано можел да премине само на музика.
Миле со неговата изведба на „Јас немам разлог да живим“ од Мишо Ковач никого не остави рамнодушен, а со громогласен аплауз доби од публиката и откако соопшти дека во меѓувреме го прославил 60 роденден.
Јас цело време размислувам како Миле цел живот гаснел пожари, а сега почна да пали. Одлично ти тргна во оваа емисија, а сега уште подобро – го пофали Маре, а Жељко му додели комплимент на македонски јазик и ја пофали македонската песна што ја испеа со што се сложи и Драгана.
Таа кога Миле ја запеа македонска песна стана да игра, а веднаш и се придружи и Жељко Самарџиќ.
Семејството е гордо на Миле, а неговиот син кој го пратеше со хармоника во ревијалната песна му предвидува место во финалето.
Миле на крајот се најде на онлајн гласање заедно со Дијана Поповиќ и Бранислав Дабиќ и излезе како убедлив победник.
Тој победи со повеќе од 65 проценти, додека единствената дама Дијана освои 30, а Бранислав само 5 отсто од гласовите.
Инаку, Миле, неодамна се пензионираше, а целиот живот им помагаше на луѓето бидејќи работеше како пожарникар.
Музиката е негова љубов од мали нозе и бидејќи сега има вишок слободно време решил да се пријави во ова познато шоу.
За себе вели дека е мирен, семеен човек и горд татко на двајца синови од кои едниот го наследил талентот за музика.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Приватна архива
Фото: Принтскрин/ Приватна архива
Фото: Принтскрин/ Приватна архива
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна