Пожарникари спасуваат елен од пожарот во Грција – ЖИВОТНОТО БЕЗ ПРЕСТАН ПИЕ ВОДА ОД ШИШЕТО
Пожарникарите ги спасуваат и животните, а снимката на која се гледа како му даваат вода на еленот, кој без престан пие од шишето, никого не остави рамнодушен
Пожарникарите во Грција спасуваат елен
Моментот кога пожарникарите му помагаат на еленот, давајќи му да се напие вода од жишето, од кое животното пие без престан, покажува колку е силен пожарот што го зафати овој регион и кој носи се пред себе и колку се несреќните животни изнемоштени.
Неколку пожарникари во Грција што го гаснеа големиот пожар наидоа на жеден елен и веднаш му дадоа да се напие вода.
Еленот толку беше жеден што без престан пиеше од шишето, а видеото се прошири на социјалните мрежи и веднаш стана вирално.
Пожарникарите предизвикаа воодушевување и луѓе од целиот свет ги пофалија за нивната голема храброст и пожртвуваност.
„Ми се кине душата“,„Ова е ужасно, кутрите животно“, „Драго ми е заради ова, но срцето ме боли за другите животни што настрадаа“, беа само некои од коментарите што ги оставија луѓето од видеото што беше објавено на социјалните мрежи.
🇬🇷 🔥 Large-scale forest fires in Greece due to record heat
❗️The authorities announced the evacuation of people on the island of Corfu. Also, fires broke out in the northern part of the Peloponnese, near the city of Aigio.
According to police, 16,000 people have been evacuated… pic.twitter.com/mCrBiOOarN
— Zlatti71 (@djuric_zlatko) July 25, 2023
Потсетуваме, пожарникарите во Грција веќе цела недела се борат со големите шумски пожари на островот Родос.
😱 Armageddon in Greece: forest fires have broken out on the islands of Evia and Corfu
Local police said 16,000 people were evacuated by land and 3,000 by sea from 12 villages and several hotels.
More than 450 firefighters and seven EU aircraft are working in Greece to help… pic.twitter.com/RpxZRwLyp3
— Slava Ukraini 🇺🇦 Making Spaces Great Again 🛸 (@Heroiam_Slava) July 25, 2023
Околу 20.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови и хотели на Родос за време на викендот бидејќи пеколот што еден недела започна со пожарите се прошири и на летувалиштата што се наоѓаат на крајбрежјето откако огнената стихија направи пепел од огромните површни и оштети и целосно уништи бројни згради.