Подобро и од холивудските убавици – Агнеса знае како да го „запали“ ИНТЕРНЕТОТ, изгледа гламурозно и кога не носи фустани
На убавата скопјанка не и треба многу за да изгледа сјајно, па и овој пат на многумина им одржа модна лекција.
Агнеса Органџиева е позната како една од најдобро облечените дами од Македонија на социјалните мрежи.
Таа со својот талент за мода и својата убавина привлекува внимание каде и да се појави, а така беше и со ова нејзино издание што го сподели на Инстаграм.
Но овој пат наместо класична тоалета позираше во малку поинакво издание со кое исто така никого не остави рамнодушен.
Таа едноставно изгледаше божествено во тесниот комбинезон во каков навистина не ја гледаме често.
Креацијата е составен од асиметричен горен дел, така што едната раменица е гола, и има големи отвори на грбот, додека тесните панталони завршуваат со широк долен дел со страничен прорез.
И покрај тоа што комбинезоните не се никаква новина во светот на модата, вакво издание какво што ни покажа Агнеса навистина ретко гледаме. Познатата инфлуенсерка целата комбинација ја заокружи со шик сандали на платформа и со екстремно високи потпетици со кои дополнително го издолжи своето тело, додека својата препознатлива руса коса ја носеше пуштена и ставена зад ушите, на кое се гледаа впечатливи големи обетки во тиркизна боја.
На сето ова додаде и кармин во тренди розова нијанса, како и црвен маникир со кои го „разби“ ова монохроматско издание.
На фотографиите позираше во занесно издание, среќна и полна со самодоверба со која што зрачи во секое свое издание.
Па, дали ви се допаѓа оваа шик комбинација на Агнеса? Во продолжение погледнете уште неколку нејзини модни „решенија“, но и најубавите комбинезони од најпознатите хај-стрит брендови во Македонија…
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
НАШИ ПРЕДЛОЗИ:
Зара
Зара
Зара
Зара
Зара
Манго
Манго
Манго
Манго
Манго
Манго
Манго
Х&M
Х&M
Х&M