Подигаат брзи кредити за да ѝ лепат бакшиш на оваа Македонка, а 80 % од колегите не ја сакаат?!
Македонската „кралица на бакшишот“ направи лом

Заслужено си ги заработува парите…
Пејачката Марија Тодоровска во јавноста, попозната како Марија Луиса, со пеење се занимава од својата рана младост.
Таа неодамна во шоуто а Жаре Бербер отворено зборуваше за тоа зошто го носи името кралица на бакшишот, но и се пошегува на своја сметка.
Марија во последно време важи за една од најбараните пејачки, а „титулата“ кралица на бакшишот очигледно не и пречи.
Принтскрин/ Јутјуб, Галама
На снимите што се уште кружат на интернет може да се види како оваа пејачка за само неколку минути ќе собере куп пари, а впрочем така беше и во студиото кај Жаре Бербер кога го зеде микрофонот и запеа, а Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, кој исто така беше гостин во емисијата, веднаш почна да ја кити со пари.
Принтскрин/ Јутјуб, Галама
Тој во еден момент сакаше да и стави сто евра и во градникoт, но Марија тоa секако не му го дозволи и учтиво го одби.
Принтскрин/ Јутјуб, Галама
Како изгледаше овој момент, погледнете во продолжение…
Инаку, Зоки во емисијата опиша и еден настап на Марија кога бил изненаден од тоа колку бакшиш добива од гостите.
Принтскрин/ Јутјуб, Галама
„Бев на свирка кај нејзе и сум се запрептастил кога немаше ни половина час, а нејзе и’ беше цел микрофон со пари. Не зборуваме за 200, 300, 500 денари, зборуваме за 50, 100, 200 евра“, вели Зоки, а на прашањето на Жаре кај ги наоѓа тие луѓе пејачката во шега вели:
„Јас не ги наоѓам, тие дигаат брзи кредити“, одговори Марија, додека на прашањето од Жаре како е прифатена од колегите, пејачката вели дека, според неа, 80 % од колегите не ја сакаат.