Поглед од милион долари – ова е новата куќа на Марина Дојчиновска во Гари со чардак како во рајот
Омиленото место за релаксација на Марина Дојчиновска и нејзиниот партнер Горан Алачки
Поранешната македонска водителка Марина Дојчиновска слободното време често го поминува на својот имот во село Гари.
Нејзиниот татко води потекло од ова мијачко место каде Марина пред неколку години изгради нова куќа во која сега се чувствува како во рајот.
Ова село е едно од најубавите во Македонија и претставува вистинско место за уживање каде Марина си ги полни батериите.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Таа тука го минува своето слободно време заедно со најблиските и се одмара, далеку од градската гужва и врева.
„Некогаш ми е доволно да преспијам таму само една ноќ, и да се вратам во Скоје ,’како нова’! Гари ми е моето второ дома и мојот личен рај!“, изјави Марина неодамна за Гламур додавајќи дека сега ова е место за одмор и за „регенерација на мозочните клетки“.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Таа својата раскошна викендичка ја заврши неодамна и сега претставува вистинска оаза на мирот на ова преубаво место.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
„Гари е за мене најубавото место на светот! Мојот покоен татко – Блаже ми ја пренесе љубовта кон Мијачијата, кон традицијата, кон Мајовци и езгиите, кон Стогово и Гарска река и нашата семејна куќа во горно маало, стара еден век“ вели Марина, па додава:
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
„Гари е за мене одраз на една моќна духовна вертикала и идентитетски образец на мојата личност“, признава Марина.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Како изгледа и нејзината стара куќа во Гари погледнете во продолжение, а на линкот ТУКА дознајте што се ни откри оваа прекрасна дама за едно од најубавите места во Македонија.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
„Нашата семејна убавица во Гари…стара е скоро 100 години!!!“, пишува Марина под оваа фотографија на фејсбук.