Домот на популарниот македонски пар е уреден како во филмовите.
Маја покажа како ја украсила елката и ги воодушеви сите.
Македонската пејачка Маја Гроздановска Панчева и нејзиниот сопруг, фудбалската легенда Дарко Панчев долги години се во брак и важат за еден од најскладните парови на естрадата.
Тајната за успешен брак вели Маја не постои, но со сигурност меѓу паровите треба да има разбирање, љубов и поддршка. Тоа што се и двајцата јавни личности си носи свој товар, но успешно се снаоѓаат досега.

Таа секогаш се труди да го собере семејството дома за ручек, а и самата вели дека обожава да готви, па домашните уживаат во нејзините вкусни специјалитети.
Плод на нивната љубов се двете ќерки, Надица и Марија.
Според фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека и двете девојки пораснаа во вистински убавици. На камерите се навикнати уште од мали нозе, затоа што поради професиите на нивните родители секогаш биле изложени пред фото објективите.

Надица не се експонира многу во јавност, но Марија веќе реди успеси како манекенка.
Тоа што растеле како деца на популарни родители велат дека им донело и бенефит, но и тешкотија, иако тоа не ги прави оразлични од другите деца.
Семејството Панчеви живее во раскошна куќа, во која имаат и базен.

Новогодишните празници се пред нас, а веќе во секој дом блесна и новогодишната елка.
По тој повод и Маја ја украси нејзината куќа.
На својот профил на Инстаграм споели фотографија од нјзината новогодишна елка.
Маја покажа како ја украсила елката и ги воодушеви сите.

Буквално како на филмовите.
Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Маја Гроздановска Панчева
ФОТО: Инстаграм / Надица Панчева