Поминаа 11 години откако талентираниот холивудски актер Хит Леџер почина.
Неговата смрт беше прогласена за несреќен случај поради комбинација на погрешни лекови. Тој зад себе ги остави неговите хит-филмови „Планината Брукбек”, „Казанова” и „Темниот витез”. Фановите сакаа да се потсетат на неговите најуспешни проекти, но за поранешната сопруга Мишел Вилијамс и ќерката Матилда овој момент беше отворање на стари рани кои се уште печат. Матилда Роуз Леџер имаше две години кога почина нејзиниот татко. Денес, девојката живее мирен живот со нејзината мајка и нејзиниот нов сопруг, музичарот Фил Елверум.
https://www.instagram.com/p/Buw6K69gGED/?utm_source=ig_embed
Сестрата на Хит, Кејт, во документарецот „Јас сум Хит Леџер” изјави дека починатиот татко и неговата ќерка се неверојатно многу слични. „Сè што сега прави, многу ме потсетува на него. Сега сум во фаза на живот кога сум многу среќна за Матилда. Нејзиниот татко некако живее преку неа “, изјави таа.
Мишел Вилијамс, мајката на Матилда, тешко ја преброде смртта на својот сакан во 2008 година. Но актерката никогаш не се откажа од љубовта. Во јули минатата година таа му кажа „да” на кантавторот Фил Елверум на церемонија која беше организирана далеку од очите на јавноста.
https://www.instagram.com/p/BxMfK8ggBvA/?utm_source=ig_embed
„И кажувам на Матилда дека нејзиниот татко ми се допаѓаше уште пред да знам дека сум талентирана за актерството, пред да добијам номинации за Оскар и пред да имам скапа гардероба. Искрено, по Хит јас дури и не сакав да размислувам за врска. Тогаш Фил се случи, морам да признаам дека љубовта ме ослободи и така ја воспитувам и Матилда. Сакам да биде среќна “, изјави за „Vanity Fair”, Мишел.