Реклама
Вирално

Погледнете ја реакцијата на родителите кога слушнаа дека нивното девојче е пронајдено

Реклама

Пронајдено е девојчето од Србија, „берберот“ се обидува да избега во Бугарија

Принтскрин

Моника Каримановиќ беше пронајдена во селото Пасјача, а „малчанскиот бербер“ е во бегство.

Според неофицијални информации се обидува да избега во Бугарија, дознава Блиц.

Маркетинг

Девојчето е пронајдено во селото од кое е мајката на Нинослав. Пронајдена е во напуштена викендичка и веднаш е повикана брза помош.

Потрагата траеше со денови.

Маркетинг

Во потрагата учествуваа речиси 1000 луѓе.

Девојчето последен пат беше видено на 20 декември околу 7.20 часот кога тргнала на училиште и кога и’ се губи секоја трага.

Една сведок откри дека Нинослав Јовановиќ, попознат како „Малчанскиот бербер“, е виден на железничката пруга со девојчето.

Од тогаш трае потрагата која од ден на ден беше се поголема.

Мајката на малата Моника Каримановиќ, Александра, со солзи на очите се огласи прв пат во јавноста откако нејзината ќерка беше пронајдена.

Таа се прегрна со својот сопруг пред камерите, а тој и порача: „Сега можеш да плачеш, за да ти олесни“.

Таа со солзи на очите изјави дека се слушнала со ќерката преку телефон, пишува српски Телеграф.

„Моето мало дете, да го слушнав, сака да ме гушне. Ја прашав дали е гладна, и таа ми кажа дека е“, изјави мајката.

„Таа плачеше, а јас собрав сила да не плачам пред неа“, изјави таа пред новинарите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button