Погледнете ја насмевката на девојката од фотографијата: Зад неа се крие ужасна тајна
Секоја болест е лоша, но некои назамисливо полоши и од најлошите.
На пример, каталепсија и нарколепсија се болести кои не би сте им ги посакале на најлутиот непријател.
Младата Ирка Џоди Кели на прв поглед делува како обична и нормална девоја. Меѓутоа, не е толку обична.
Нејзината насмевка крие страотна тајна. Таа боледува од ретко нарушување наречено каталепсија – ненадејна слабост во мускулите, предизвикани од силни чувства, а може да настане и многу спонтано без емоционален тригер.
Џоди се вкочанува во една положба и не мрда некое време.
Во медицинскиот жаргон овие напади се нарелуваат „восочна флексибилност“.
Губитокот на контролата на мускулите варира од случај до случај – некогаш тоа е само болка во колената, а некогаш се губи контрола врз целото тело. Овие напади траат од неколку секунди до две минути, а во некои случаи и до половина час.
Џоди првиот напад го имала додека се смеела на една сцена од еден од филмовите за „Хари Потер“. Од тој момент, несреќната девојка избегнува на телевизија да гледа било што би ја насмеало, зошто се плаши дека од кикотењето ќе се онесвести.
Нејзиното тело исто така реагира и на други емоции, како бес или изненадување.
– Кога ќе почнам да чувствувам нешто, буквално чувствувам како истиот момент да ми се ресат колената. Не можам да ви опишам точно какво чувство е тоа, но ништо слично не сум искусила пред тоа. Порадно постојано се грижев за тоа дали ќе паднам и сериозно ќе се повредам, но сега точно чувствувам кога ќе добијам напад – раскажа таа за медиумите, додавајќи дека дневно има и по десетина вакви епизоди.
Инаку, каталепсијата е тесно поврзана со нарколепсијата, а Џуди боледува и од тоа:
– Морам да спијам и да се одморам повеќе од просечните луѓе. Исто така, она што за некого е прошетка од 10 минути, кај мене трае 40, зошто морам да седнам и да одмарам. Дури и професорите имаа специјален „режим“ за мене, зошто дури и на испитите се случува да морам да прилегнам на под за да си дојдам на сегбе- вели оваа девојка.
„Нападите кај каталепсијата според невролозите може да траат од една минута до неколку недели, а понекогаш и месеци. Нападот се случува одеднаш. Оваа болест е посебно опасна затоа што лицето може да ја загуби мобилноста на потенцијално опасно место, доколку нема придружба и тоа би било закана за неговиот живот и здравје“.
Видови на каталепсија
Во психијатријата, постои ваква класификација на каталепсија:
– едноставна – во овој случај, пациентот гледа и слуша сè, но не можат да се движат;
– крута -се манифестира со зголемување на тонусот на мускулите и отпорност на каква било промена во положба на телото или неговите делови;
-фармаколошка – предизвикани од дејство на дрога;
– хипнотичка – се јавува под влијание на сугестија (хипноза).