Погледнете што ѝ напиша македонската пејачка на Антониа Гиговска: „Ме тера со сила“
Младата македонска пејачка сподели преписка со својата колешка.
Со овој коментар Барбара ја засме Антониа до солзи.
Антониа Гиговска и нејзината колешка Барбара Поповиќ ги врзуват неколку работи.
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
Освен што се добри другарки, тие се и колешки и тоа многу успешни во нашата земја.
Но, не само тоа.
ФОТО: Инстаграм / Барбара Поповиќ
Двете имаат учествувано во музички натпревари во Србија каде се пласирале меѓу првите.
Антониа на „Пинкови ѕвездички“, а Барбара на „IDJ SHOW“.
ФОТО: Принтскрин
Со својот глас, а и стас, Антониа и Барбара веднаш ја освоија српската публик.
По учествата во овие шоуа и на двете кариерата им тргна во нагорна линија.
Антониа веќе има соработки со многу познати музички имиња од Балканов, а е една од ретките млади пејачки кај нас која може да се пофали со многу хитови.
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
Барбара работи со полн здив и нејзините настапи се закажани месеци однапред.
Приватно и двете се добри другарки и одлично се согласуваат.
Антониа на својот Инстаграм профил покажа што ѝ напишала Барбара во порака, а со што ја засмеала до солзи.
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
Имено, Барбара ѝ препорачува на Антониа дека е време да стави ботокс, поради иразените брчки на челото на фотографијата која ѝ ја испратила во порака.
Што мислите вие, дали е време Антониа да стави ботокс?