Погледнете колку ужива Спасен додека се гушка со својата ќеркичка – ФОЛКЕРОТ СЕ ТОПИ во нејзините мили прегратки
Македонскиот пејач покажа која според него е најубавата девојка на светот.
Скромен и вреден, тој е еден од најдобрите вокали на македонската естрада.
Фолк пејачот Спасен Силјаноски својата музичка кариера ја започна уште додека беше релативно млад.
До ден денес се здоби со многу успеси, но никогаш не дозволи славата да го промени.
Народот го обожава. Тој е голем патриот и секогаш на своите настапи пее македонска традиционална музика.
Активен е и на социјалните мрежи, каде без влакна на јазикот ги коментира актуелните ситуации во земјава, но и меѓучовечките односи и неморалот кои владеат меѓу луѓето.
Пејачот се труди секогаш да промовира вистински морални вредности и љубов кон семејството, но и татковината.
Бес и револт кај него предизвикаа луѓето кои на своите веселби бараат да се пее повеќе српска музика отколку македонски.
Ова е сосема неприфатливо за пејачот и јавно ги искритикува.
Љубовта кон семејството за него е на прво место.
Неговата сопруга и децата се најголемото богатство кое го поседува, а најмногу ужива во семејните собиранки.
Често и на социјалните мрежи споделува фотографии од семејните дружби со цел да покаже како треба да функционира едно семејство.
„Имам семејство кое ја негува македонската традиција и музика. Често пати знаеме да седнеме да се расположиме, да запееме по некоја песна.
Секогаш на нашите седенки објавувам во живо за да се пофалам кое е моето богатство и како треба да изгледа едно хармонично, традиционално македонско семејство“, раскажа пејачот.
Долги години е во брак со сопругата Ана.
Круна на нивната љубов се нивните две дечиња, кои се на возраст од 5 и 7 години.
Тој на Фејсбук знае да ја покаже и својата романтична страна со која секогаш ја воодушевува публиката.
За својата сопруга секогаш има само пофални зборови. На Ана може да ѝ позавиди секоја жена.
На својот Фејсбук профил тој сподели фотографија со девојката кој за него е ајубава на светот.
Имено, станува збор за неговата ќеркичка.
„Само тој што има ќеркичка знае какво е чувството кога ќе ја гушнеш најубавата девојка на светот“, стои во опис на фтографијата.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски