Погледнете колку се промени сопругот на Тијана Дапчевиќ: Ретко споделува фотографии со него а сега ги изненади фановите, Милан не личи на себе!
Милан е непрепознатлив...
Синот на Тијана Дапчевиќ порасна во вистинско. Пејачката и нејзиниот избраник се бескрајно горди на сите успеси на нивниот наследник, како на училиште, така и во приватниот живот.
Вук порасна во убаво момче а пред неколку дена заврши основно училиште, по што следеше матурска прослава, а гордата мама не одолеа да го овековечи овој момент со фотографија.
Сликата на која таа и нејзиниот избраник позираат покрај елегантно облечениот Вук ја споделија на Инстаграм профилот на пејачката, а пораката ги разнежни фановите.
– Оди детето на полуматура. Среќно сине, мама и тато те сакаат – кратко напиша поп ѕвездата, додека од очите и течеа солзи радосници. Не можеше да поверува дека веќе поминаа 15 години откако на свет го донесе своето бебе.
Да потсетиме, Тијана и Милан се повеќе од 2 децении во брак, а плод на нивната љубов е нивниот син Вук.
Нејзиниот сопруг не сака премногу да се експонира во јавноста, но Тијана одвреме-навреме знае да сподели заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Тијана со нејзиниот сопруг е во брак од 2001 година, а како што популарната пејачка самата откри во една пригода, се запознале на кошаркарски натпревар.
По само четири дена излегување решиле да започнат заеднички живот, кој трае и до денес.