Погледнете колку се „преполовила“ Карлеуша – се прошета во ново провокативно издание и го запали целиот Балкан
Весела беше атмосферата во популарното шоу
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Јелена Карлеуша е на специјален режим на исхрана и додека се топат килограмите таа не испушта ниту една прилика, а да не се пофали со својот нов феноменален изглед.
Таа се прошета низ познатото студио на „Гранд ѕвезди“, а нејзиното парадирање го проследи Лепа Брена која беше вклучена преку видео повик со Поповиќ.
Карлеуша беше воодушевена од овој гест.
Сепак, и покрај провокативното шетање на Карлеуша на сцената главна ѕвезда на вечерта беше ќерката на Дарко Лазиќ.
Таа беше дојдена заедно со својот татко кој беше дел од жирито во познатото музичко шоу.
Посебен режим на исхрана
Инаку балканската дива ослабна благодарение на советите што ги добива од својата позната нутриционистка.
Имено, таа за само две недели ослабна неколку килограми, а како што самата вели за ваков чекор ја мотивирала Марија Шерифовиќ која оди кај иста нутриционистка. Имено, неодамна на интернет се појави преписка во која тие двете го разменуваат своето искуство.
Но како што самата призна во една пригода, на Карлеуша не и оди лесно да се откаже од тестото и газираните пијалаци. Сепак и покрај тоа што не е 100 % доследна на она што ја советува нејзината нутриционистка, резултатите и напредокот во овој момент се и повеќе од очигледни.