Погледнете како ужива Ѓоко Јовиќ со четирите деца и сопругата: Македонскиот пејач сподели фотографија и ги воодушеви сите- ОВА Е НЕГОВОТО БОГАТСТВО!
Одмара со семејството...
Ѓоко Јовиќ и неговата Ивана се еден од најхармоничните млади брачни парови.
Парот има четири деца а Ѓоко иако е многу посветен на работата, сепак тој е грижлив татко и сопруг и секој слободен момент го користи за да го помине заедно со своите најмили.
Секогаш сплотени, заедно, во мир и хармонија, уживаат додека го поминуваат времето заеднички.
Теодора, Михаил, Јоан и Дарин се најголемото богатство на Ѓоко и Ивана, кои релативно млади станаа родители.
Пејачот сега на својот Фејсбук профил сподели неколку фотографии со кои предизвика лавина од коментари.
Заедно со семејството замина на одмор па се пофали како ужива со своето најголемо богатство.
Облечени во исти костуми за капење, тие добија коментари дека се прекрасно семјство.
Се чини дека се вљубени како првиот ден и љубовта им цвета, а пејачот не пропушта прилика да каже дека таа е неговата една и единствена.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од ова прекрасно семејство: