Погледнете како ужива на плажа една од најатрактивните фолерки во МАКЕДОНИЈА и кој и прави друштво на ова топло време
Од одмор на одмор…
Не ѝ беше доволно што повеќе од една година „одмораше“, па македонската фолкерка повторно замина на одмор.
Пејачката Сања Сани Гроздановска не издржа долго да биде далеку од вода, па одлучи да отиде на краток одмор.
Сани е една од најатрактивните пејачки во моментов во Македонија, која може да се пофали со завидна кариера.
Пејачката уште со самото појавување ги освои симпатиите на публиката, а на нејзините настапи секогаш се бара место повеќе.
Шарм, харизма и неверојатен глас се работите кои ја красат младата и талентирана пејачка.
Гордо стои рамо до рамо со најпопуларните ѕвезди во земјава.
Поради пандемијата Ковид 19 сите македонски пејачи имаа продолжен одмор и беа без настапи.
Некои од нив мораа да ја сменат професијата и да започнат со друга работа, затоа што пејачката кариера им беше на пауза.
Една од нив беше и Сани.
Имено, таа започна да работи во неодамна формирана компанија за мобили услуги „Green mobile”.
Таа не го конкретизираше работното место, работната позиција, ниту пак висината на примањата, која што и да работи е секако далеку помала од естрадните пари, ама како што е познато, не е време за пребирање.
Пејачката доби многу честитки и убави желби упатени преку коментари под објавата.
Сепак таа навредена од пишувањата на одредени портали дека ја интересира само заработката, таа на својот профил напиша статус во кој истакна дека ја сменила професијата само за да им докаже на сите дека пејачите и тоа како се способни да работат и нешто друго освен музика.
Сега откако спласна епидемијата и се укинаа сите рестриктивни мерки воведени за заштита лд вирусот, пејачката на Фејсбук обкави дек се враќа на старата професија – музиката, нејзината најголема љубов.
Летните жешки температури кои владеат во целиот регион деновиве, Сани одлучи да ги искористи за разладување во Дојран.
Пејачката не пропушти да сподели и фотографии во бикини и да го покаже своето вајано тело во бикини.
Во Дојран замина заедно со ќерките и најтесното семејство, па сподели и фотографија на која се гледа како двете девојчиња пливаат во базен заедно со нивниот дедо.
За тоа време згодната мама позираше во костими за капење, а за изгледот доби многу пофалби во коментари.