Наши ѕвезди

Погледнете како Спасен Сиљаноски ужива со своите најмили – ФОТОГРАФИИТЕ на многумина ќе им го разубават денот!

Advertisement

Ова семејство навистина умее да ужива, сите треба да земеме пример од нив.

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

Фолк пејачот Спасен Силјаноски и неговото семејство се вистински пример како треба да изгледа една фамилија која секој слободен момент го користи да го помине заедно.

Advertisement

Спасен секогаш со гордост зборува за неговото семејство, за кое вели дека му е најголема поддршка и мотив во животот.

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

Спасен важи за голем емотивец и неговите изведби секогаш ги будат и најдлабоките чувства кај публиката.

Тој е еден од најдобрите машки вокали намакедонската музичка сцена и е еден од ретките кој долго се држи на врвот.

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

Публиката го обожава, а тој ѝ возвраќа со убава песна.

Advertisement

Исто така е голем патриот и секогаш на своите свирки пее само македонски песни.

Вљубеник е во македонската традиционална песна.

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

Песните ги изведува со могу емоции и секогаш допира до срцата на публиката.

Долги години е во брак со Ана, а плод на нивната љубов им се синот и ќерката.

„Имам семејство кое ја негува македонската традиција и музика. Често пати знаеме да седнеме да се расположиме, да запееме по некоја песна“, изјави тој.

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

За својата сопруга секогаш има само пофални зборови и често на социјалните мрежи ја покажува и романтичната страна.

„Честопати сам се прашувам дали ќе можам да им ја обезбедам најдобрата иднина?

Искрено не знам…Никој на овој свет не е совршен, па ниту јас…

Но, знам дека ги сакам повеќе од сѐ друго на овој свет…На крајот љубовта е поважна од ѐ нели…“, напиша Спасен за своите најмили.

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

Со денови во Македонија преовладува студен бран. Температурите се под нулата, а на повисоките места има и снег.

Токму снежните убавини и недопрената природа беа мотив за Спасен и неговото семејство да уживаат во санкање и зимски лудории.

Многупати и самиот тој има изјавено дека планинарењето му ги полни батериите и обожава да планинари во недопрената природа на планините.

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

Пејачот покажа како секој од нас треба да го негува детето во себе и да ужива во детските игри.

На Фејсбук сподели и видео на кое тој се спушта со санка по снежната покривка, а во опис напиша: „Детски лудории”.

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button