Натан Александар е професор по математика на колеџот Морехаус, за афро-американци во САД, кој веројатно не се надеваше дека неговата спонтана реакција ќе стане хит на социјалните мрежи.
Имено, еден од неговите студенти, Вејн Хајер, мораше да дојде на факултет со своето петмесечно бебе за да не го пропушти предавањето на својот омилен професор.
Ќеркичката ја чува мајката за време на предавањата на Вејн, но овој пат малата Асад мораше да ја земе со себе. Студентот имаше дозвола од страна на професорот кој при еден разговор му кажа дека ако имал проблеми со чување, тој слободно може да ја доведе на предавање.
Morehouse professor hailed for babysitting student’s child in class https://t.co/p9Ltz4U4rI
Маркетинг— David Thomas (@ProfThomas) March 3, 2019
„Имав ранец, торба со бебешки работи и бебето ми беше во кенгур. Кога професорот ме виде, тој нѐ поздрави со отворени раце”, рече Вејн.
Во почетокот, Вејн и Асад седеа заедно, но не можеше да се концетрира, па професорот му понуди едноставно решение:
„Јас ќе ја задржам за да ги напишете белешките”, му понудил помош професорот на својот ученик, па така малата Асад заедно со кенгурот беше во рацете на професорот кој им ги објаснуваше задачите.
Student came to class today with his child due to no babysitter or anybody to watch her while he was in class.
My professor NATHAN ALEXANDER said “I’ll hold her so you can take good notes!” #HBCU #morehouse #Respect pic.twitter.com/oogIqetseS— TheOriginal™ (@Original_Vaughn) March 1, 2019
Оваа невообичаена ситуација заврши на социјалните мрежи и за кратко време стана вистински хит!
„Родителите се оние кои треба да бидат сконцетрирани на повеќе обврски, во ваков случај ние треба да помогнеме за луѓето како Вејн да се чувствуваат подготвени за своите испити и покрај грижата за своите деца. Сите ние треба да им помогнеме“, изјави овој супер-професор.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10106499186170638&set=a.10100195773854448&type=3