Погледнете како ова детенце го чува својот миленик и го теши на најслаткиот можен начин да не се плаши од грмотевици
Ова видео на многумина ќе им го разубави денот
Страв од громови може да предизвика кај вашето милениче големи проблеми и затоа се препорачува сопствениците на време да се подготват и да им помогнат на своите миленичиња за да им го ублажат непријатното искуство. Овој страв е на листата на најголеми стравови кај кучињата, а покрај громовите, тие се плашат речиси подеднакво и од огномет, напуштање, возење во автомобил, луѓе и некои други силни и моќни звуци. Најважно е во моментите кога грми да бидете со вашето куче и да го смирите.
Очигледно дека тоа ова дете го знае многу добро. Многу кучиња, исто како ова во видеото, се кријат под масата, плакарот и креветот за да се заштитат, а некои се тресат и почнуваат да дишат тешко.
Момчето во ова видео му даде до знаење на својот миленик дека не е сам и дека не треба да се плаши.