Погледнете како нашата позната водителка ужива со својата НАСЛЕДНИЧКА – на вкусно ќебапче во Турска чаршија
Некогашната пејачка и водителка е вистински хедонист и секој момент го користи да ужива, а овој пат друштбо ѝ правеше и нејзината ќерка.
Вики Среброва е една од најубавите жени на естрадата, а убавината ја наследила и нејзината ќерка.
Својата музичка кариера ја започна уште многу млада и веднаш ги освои симпатиите на публиката.
Препознатлива е по позитивната енергија и широката насмевка, но најмногу по своите заводливи зелени очи.
Публиката беше воодушевена од талентот и убавината на оваа жена.
Но, мора да се признае дека времето запрело за оваа жена, изгледа сѐ подобро и подобро.
Исто така беше меѓу првите познати личности во Македонија која направи естетска кoрекција на лицето и отворено зборуваше за тоа.
Вели дека и деценија после тоа таа воопшто не жали за таа нејзина одлука.
Во времето кога таа ги направи естетските корекции на лицето, во Македонија тоа сѐ уште беше табу тема.
Сепак, тврди дека убавината и совршената кожа ги наследила од нејзините родители, кои дури и на стари години имале убава и мазна кожа.
Сепак, залудни се сите корекции ако жената не зрачи од внатре. Вики е позната по позитивниот дух и секој што ја познава за неа вели дека шири само убава енергија.
Како што и самата знае да каже, нејзиното лице е секогаш насмеано затоа што таа е секогаш расположена.
Освен козметика и нега на кожата, потребна е и нега на душата.
Она што најмногу ја радува е тоа што и нејзината ќерка Ели Среброва од неа ги има наследено младешкиот изглед и совршената насмевка.
Пејачката која ги испеа „Игoре изгoре” и „Зелени очи” од бракот со фудбалерот Јосе Среброва има три деца, и тоа синовите Нико и Владо и ќерката Елена од кои има внуци.
Сега откако децата се возрасни и сами се грижат за себе, Вики има повеќе време да се посвети на работи кои ја радуваат и прават среќна.
Според објавите на социјалните мрежи може да се забележи дека таа е доста активна и секој ден е на различна дестинација, сама или со своите пријателки.
Деновиве таа се пофали дека ужива во една скопска гостилница на ќебапи заедно со нејзината ќерка.
Дека среќата е во малите нешта, доказ се овие две дами.
Во време кога се експонира луксузот и скапите работи, Вики и нејзината ќерка покажаа како може да се ужива и во скромноста.
„Во Турска чаршија на кебаче со моето жапче и пивце за живце”, стои во опис на фотографиите.
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва
Фото: Фејсбук / Вики Среброва